Леонардо потврди дека Бонучи сака трансфер во Јувентус


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новиот член на одборот на Милан, Леонардо, потврди дека Бонучи сака да се врати во редовите на Јувентус по само една сезона помината во Милано.

Леонардо, кој во моментов работи на трансфер на врвен напаѓач во Милан, изјави дека се сретнал со многу луѓе во овој период.

„Се сретнав со многу луѓе, не само со челници на Јувентус.  Ние сме ограничени со Финансискиот фер плеј, па нема да имаме некои луди трансфери. Тоа ќе биде модерно и паметно. Желбата да се зборува со Јувентус започна со Леонардо Бонучи, па доколку можеме, ќе го реализираме трансферот. Нормално е за еден играч да има желба, но не е само барањето на играчот за заминување, постојат и други работи кои треба да се разгледаат.

Бонучи пристигна минатата сезона како симбол на промена. Во одлична хармонија, ќе се работиме на трансферите, не е дефинитивно дека тој ќе си замине“- заклучи Леонардо.