Лестер гради шампионски тим: Роџерс доби 200 милиони евра за засилувања!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот од Северна Ирска, Брендан Роџерс пред два дена беше официјално претставен за нов тренер на Лестер сити.

„Лисиците“ подготвуваат голем буџет за поранешниот тренер на Ливерпул, кој потпиша тригодишен договор со Лестер, а очигледно сопствениците имаат доверба во неговите способности.

Лестер очигледно има намера да направи нов тим во кој ќе вложи 200 милиони фунти, па ќе може наредната сезона да се бори за позиции кои обезбедуваат пласман во европските натпреварувања.

„Сан“ пишува дека фудбалерот на Борнмут, Калум Вилсон е приоритет на Роџерс, а наводно Лестер има намера за неговите услуги да плати 40 милиони фунти.

Вилсон сезонава одигра 24 натпревари за својот тим и постигна 11 голови и шест асистенции.