Лестер и Монако си разменија играчи: На „Кинг Пауер“ Белгиски репрезентативец, во Кнежевството се сели Португалец


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тоа што се шпекулираше во последните неколку дена сега доби и официјална потврда.

Белгискиот репрезентативец и член на Монако, Јури Тилеманс е нов фудбалер на некогашниот шампион на Англија, Лестер, додека во спротивен правец ќе се пресели Адриен Силва.

И двајцата фудбалери се преселија во новите клубови како позајмени фудбалери со опција нивните договори целосно да бидат откупени по крајот на сезоната.