Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кристал Палас вчера го декласираше Лестер со 4-1 во Премиерлигата, па така беше продолжена кризата на „Лисиците“, а тоа денеска предизвика промени во тимот.
Управата на Лестер реши да го отпушти тренерот Клод Пуел, кој не можеше во последно време да ја најде вистинската форма.
Лестер во последните седум меча имаше дури шест порази и единствениот дуел, каде што останаа непоразени, беше на „Енфилд“ против Ливерпул.
Уште позагрижувачки е фактот дека единствениот триумф годинава им е на први јануари против Евертон на гостински терен, а од тогаш како да ги следи некое прклетство.
Во моментов не е познато кој ќе го наследи Пуел, иако англиските медиуми шпекулираат дека тоа би требало да биде Брендан Роџерс, поранешниот тренер на Ливерпул и актуелен избраник на Селтик.