До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Вечерашната победа на Лисиците над Порто е позначајна отколку што ви се чини на прв поглед.
Како што веќе објавивме, англискиот шампион запиша нова, втора по ред победа во Лигата на шампионите и на тој начин значајно го подобри впечатокот од досегашниот тек од сезоната, имајќи во предвид дека на екипата на Клаудио Раниери не оди најдобро во Премиер лигата.
„Лисиците“ вечерва на својот терен го совлада Порто со 1:0, а посебен значај во овој триумф е во фактот дека Лестер стана првата англиска екипа која некогаш успеа да ги добие првите два натпревари во Лигата на шампионите!
Да потсетиме, во првото коло од Групата Г, Лестер како гостин го совла Бриж со резултат 3:0.
Во следното коло Лисиците ќе ја дочекаат екипата на данскиот Копенхаген, па за очекување е тимот на Раниери да ја продолжи серијата на победи во елитното натпреварување.
Leicester City are the first English club ever to win their first two games in the Champions League. pic.twitter.com/DnuFCw01rE
— Squawka Football (@Squawka) September 27, 2016















