Лестер предлага трампа на Јунајтед!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    „Лисиците“ немаат ништо против трансфер, но еве што бараат во замена!

    Не е тајна дека после Погба, Манчестер Јунајтед сака да врати уште еден некогашен фудбалер во клубот.

    Во прашање е Дани Дринквотер кој неодамна потпиша нов договор со Лисиците, но сака назад на Олд Трафорд.

    Јунајтед може да понуди околу 25 милиони евра за играчот за врска на шампионот, но Раниери има друга идеја.

    Имено, Лестер бара Морган Шнајдерлинг да премине во нивните редови, со цел да не останат без опција на средината на теренот.

    Французинот кој стигна во минатото лето е во втор план кај Мурињо, ќе видиме дали ќе прифати да замине од Јунајтед.

    Сигурно дека некогашниот фудбалер на Саутемптон сака минутажа која ќе ја добие во Лестер, покрај тоа, тој не е платен многу повеќе од Дринквотер.

    Имено, Шнајдерлинг има 100 000 фунти неделно, десет повеќе од играчот за врска на Лестер кој поради одличните партии во минатата сезона е награден со подобар договор ово текот на летото.