Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од Лестер денес стигна официјална потврда дека досегашниот в.д менаџер, Крег Шекспир и во иднина ќе продолжи на кормилото на екипата.
Шекспир од управата доби тригодишен договор, а при потпишувањето истакна дека е возбуден и среќен за предизвиците со тимот на Лестер.
„Ова е навистина возбудлива можност за мене да продолжам во ова ново поглавје во мојата кариера и да продолжам да работам со клубот и штабот со кој станав премногу близок. Благодарен сум на сопствениците и на бордот на директори за нивната поддршка.“- изјави Шекспир.
Откако Раниери беше отпуштен, Шекспир беше назначен за нов в.д менаџер на тимот и веднаш покажа одлични резултати со што ја заслужи довербата на водечките лица на „Лисиците“.