Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Главната цел која си ја постави раководството на Лос Анџелес Лејкерс за летово беше да се заштити празното место во селари кеп-от. Последните информации говорат за тоа дека Лејкерс се спремни да одат до крај со пропишаниот план.
Според сознанијата кои ги има Bleacher Report, Лејкерси би можеле да се откажат од услугите на бекот Џордан Кларксон за да се ослободи уште повеќе место во селари кеп-от за следната сезона.
Џордан Кларксон е во втората година од четиригодишниот договор вреден 50 милиони долари со тимот од Лос Анџелес. Кога тој го потпиша договорот очекуваше дека со тек на време ќе биде прифатен како стартер, но како што поминуваше времето неговата минутажа значително се намалуваше.
Во Лос Анџелес се убедени дека наредното лето би можеле да привлечат некој од врвните слободни агенти. Чисто за потсетување, Пол Џорџ и Леброн Џејмс се дел од играчите чиј договор завршува по оваа сезона и шпекулациите дека токму тие двајца би биле во ист дрес наредната сезона се сѐ поприсутни.