Лејкерс ангажира поранешен соиграч на Леброн Џејмс!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс договори едногодишна соработка со Мајкл Бизли, кој ќе пристигне во тимот како слободен играч.

Бизли играше заедно со Леброн Џејмс во 2013/14 кога заедно беа во Мајами. Тие тогаш добро соработуваа и немаа поголеми проблеми.

Новиот кошаркар на Лејкерс стигнува од Њујорк, каде што просечно на 74 натпревари постигнуваше по 13 поени.

Одличниот кошаркар имаше можност да бира помеѓу неколку клубови, од кои во потесниот избор останале Лос Анџелес Лејкерс и Оклахома сити тандер.