Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од најдобрите кошаркари во светот Леброн Џејмс, реши да го напушти Кливленд и да се пресели во Лос Анџелес.
Адријен Војнаровски вчера соопшти неверојатна вест – Леброн се решил за Лос Анџелес лејкерс и ќе потпише со нив договор на четири години.
Во Лејкерс има место за уште една супер-ѕвезда, а тоа би била најверојатно Кави Ленард. Сепак, доколку не дојде во лејкерс, тогаш тие ќе се обидат да најдат друго засилување.
Дресот на лејкерс ќе го облече и Ленс Стивенсон, кошаркар одамна познат по своите неразбирливи потези на теренот.
Тој и Леброн неколку години имаат интересен однос, кога нивните екипи се пресметуваат, а Стивенсон секогаш имаше некој нов трик со кој го нервираше „Кралот“.