Лејкерс тргнаа со победа: Одлично деби на Ембид за Филаделфија


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Покрај натпреварот Денвер и Милвоки, во НБА се играа уште 8 други натпревари.

    Лејкерс по 20 години влегоа во сезоната без Коби Брајант, а тие го пречекаа Хјустон.

    Тимот на Лејкерс покажа голем напредок во однос на минатата сезона, па успеа да победи на отворањето на сезоната со 120:114.

    https://youtu.be/0yFcuVjJlxk

    Кларксон беше најдобар кај Лејкерс со 25 поени додека на другата страна Харден постигна 34.

    Фантастично деби имаше и центарот на Филаделфија, Ембид во натпреварот против Оклахома.

    Иако тие беа поразени на свој терен со 103:97, Ембид заигра по 2 години и постигна 20 поени.

    Тандер стигна до  победа, а најдобар беше Расел Вестбрук со 32 поени, 12 скокови и 9 асистенции.

    Одлична ноќ имаше и ДеРозан кој со 40 поени го однесе Торонто до победа против Детроит од 109:91.

    Во натпреварот со продолженија Индијана по продолженијата беше подобра од Далас со 130:121.

    На останатите натпревари Орландо стигна до победата против Мајами со 109:91, Бостон победи против Бруклин со 122:117, Феникс изгуби од Сакраменто со 94:113.

    https://youtu.be/Bd1FrONEUCM