Ливерпул ги намали апетитите, Стариџ пристигнува во Серија А!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Ливерпул донел одлука и ќе ја намали цената за Даниел Стариџ, кој сака ова лето да ја промени средината.

Поранешниот фудбалер на Сити и Челси не беше во тимот за дуелот против ВБА во ФА купот, а тоа дополнително ги „разгоре“ приказните дека до крајот на преодниот рок би можел да замине од клубот.

Според новите информации, управата на Ливерпул одлучила да ги намали барањата и сега сака само 1.5 милиони фунти за позајмица.

Покрај тоа, Интер во наредното лето ќе има можност да го откупи неговиот договор за сума од 25 милиони фунти.