Ливерпул го очекува пекол: Јунајтед добива голема помош за вечното дерби!


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Манчестер јунајтед ќе добие голема помош од двајца од најважните фудбалери, Ентони Марсијал и Џеси Лингард, кои ќе се вратат за дербито против Ливерпул во недела.

„Црвените ѓаволи“ ги очекува вечното дерби, а бодовите се важни за двете екипи. Добри вести за Јунајтед се тоа што се враќаат споменатите фудбалери, кои беа повредени и се шпекулираше дека ќе паузираат до крајот на месецот.

Тренерот Оле Гунар Солскјер денеска изјави дека тие се враќаат и така ги израдува навивачите, кои сега се надеваат на позитивен резултат од мечот на „Олд Трафорд“.

„Мислам дека Ентони и Џеси ќе бидат подготвени за мечот. Ние ќе одработиме уште два тренинзи дотогаш и ќе одлучиме дали ќе играат. Ние и претходно покажавме дека можеме без нив, но сега ќе имаме дополнителна помош“, кажа Солскјер.