Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Ливерпул вечерва со 2:1 го совлада Евертон во градското дерби во рамките на ФА Купот.
Победата на „црвените“ им ја донесе најскапиот дефанзивец на светот кој вечерва го имаше својот деби настап во новиот клуб.
Ливерпул стигна во водство во 35. минута кога Џејмс Милнер го реализираше ударот од белата точка. Во продолжение Сигурдсон изедначи на 1:1, но Вирџилван Дијк во 84 минута погоди за големо славење на домашниот тим. Новото засилување на Ливерпул го искористи центаршутот на Окслејд Чемберлејн и на Ливепрул му донесе пласман во следната фаза.
Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ имаше проблеми со Дерби Каунти, поточно со нивниот голман, ветеранот Скот Карсон кој до 84. минута ги бранеше сите удари кон неговиот гол. Сепак, моментално најдобриот играч на „ѓаволите“, Џеси Лингард на шест минути пред крајот на натпреварот со феноменален гол го отвори резултатот.
Конечниот резултат го постави Ромелу Лукаку кој се врати по еден натпревар пауза во продолжението од натпреварот.