Ливерпул по којзнае кој пат пазари во Саутемптон

Медиумите во Англија пишуваат дека Јирген Клоп му фрлил око на играчот на Саутемптон, Марио Лемина.

Лемина на „Сент Мери“ пристигна од редовите на Јувентус и засега прикажува доста солидни натпревари.

Клоп наводно го посочил младиот фудбалер како идеална резервна опција за средниот ред кој од следната сезона ќе биде посилен и за Наби Кеита кој ќе пристигне од Ред Бул Лајпциг.

Саутемптон се претвори во трансфер маркет кога во прашање е Ливерпул. „Црвените“ од 2014 година до сега имаат купено шест играчи од тимот на Саутемптон.

Рики Ламберт, Адам Лалана, Дејан Ловерн, Натаниел Клај, Садио Мане и Вирџил ван Дијк го носеа дресот на Саутемптон пред да направат трансфер во Ливерпул.