Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Екипата на Ливерпул доживеа уште еден неуспех откако вечерва беа елиминирани од Лестер во рамките од четвртото коло на англискиот Лига куп.
„Лисиците“ славеа на домашен терен против Ливерпул со 2:0, а двата гола паднаа во второто полувреме. Најпрво Шинџи Оказаки донесе предност за домашниот тим во 65. минута од натпреварот, а потоа Ислам Слимани стави точка во 78. минута.
Кристал Палас конечно ја забележа својата прва победа откако на „Селхрст Парк“ славеше минимална победа од 1:0 против Хадерсфилд. Стрелец на единствениот погодок беше Бакари Сако.
Стоук доживеа елиминација од Бристол, додека Вест Хем немаше проблеми против тимот на Болтон кој го победи со 3:0.
Резултати англиски Карабао куп:
Астон Вила- Миделсбро 0:2
Брентфорд- Норвич 0:3
Бристол Сити- Стоук 2:0
Кристал Палас- Хадерсфилд 1:0
Лестер- Ливерпул 2:0
Вест Хем- Болтон 3:0
Рединг- Свонси 0:2
Тотенхем- Барнсли 1:0