Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако за расплетот на мечот против Сити беше изначен како главен виновник за поразот, Дејан Ловрен е мирен, убеден е во својата класа бара екипата да остане мирна.
„Само да бидеме со ладни глави, тоа е договорот после мечот, многу натпревари имаме, ова е голема сезона и натаму сме први, ништо не се промени“, истакна хрватскиот стопер.
Додека медиумите грман дека ова ќе го чини Ливерпул тритула, тој на таквите гласини не им обрнува внимание.
„Не доведуваа нас во прашање и пред почетокот, фудбалот така не функционира, одиме натпревар по натпревар, ќе видиме што е на крајот. Поразот не менува ништо, силни сме, особено ментално“, додаде Ловрен.
„Ова е Ливерпул, секогаш се враќа кога е тешко, мораме да го заборавиме овој меч. Долга е сезоната, верувам во тимот“, заврши стоперот на „Црвените“.