Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кристијано Роналдо го прослави голот во средата против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите на свој начин.
Некој би кажал „што ти е човеку немаш 17 години“, но бадијала, Португалецот е горд на своите стомачни мускули, па ја искористи шансата истите да ги покаже.
На неговиот гест изреагира во четвртокот уште еден фудбалер, Англичанецот Џеси Лингард, токму играч на Манчестер Јунајтед. Со оглед на тоа дека тој немаше шанса во живо да го покаже својот стомак, тоа го направи на Инстаграм спореувајќи ги своите мускули со оние на Роналдо. Објавата беше проследена со коментар: „Кој го направи тоа подобро?“
Де Геа не пропушти шанса да прокоментира, а по неговите стапки се упатија и Немања Матиќ , како и Андреад Переира.
И сега, чии стомачни мускули се подобри, проценете самите.