Линделоф за Солскјер: Не е моја работа да одлучам дали треба да ја добие работата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Стоперот на Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф во интервју за „Скај Спортс“ говореше за иднината на Оле Гунар Солскјер на „Олд Трафорд“.

Шведскиот интернационалец блесна по доаѓањето на Солскјер на кормилото на Манчестер Јунајтед, а сега говореше за неговото евентуално перманентно назначување за менаџер на „црвените ѓаволи“.

„Доколку тој ја добие работата, ќе бидам многу задоволен. Не е моја работа да одлучам на крајот, но секако многу среќен како се одвиваат работите од неговото доаѓање. Немам ништо лошо да кажам за него“- истакна Линделоф.