Линекер ја кажа неговата нова дефиниција за фудбалот и Германците!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот англиски репрезентативец, а сега фудбалски аналитичар на „Би-Би-Си“ се огласи на Твитер по победата на Германија против Шведска.

Гери Линекер претходно кажа дека „фудбалот е едноставна игра во која 22 луѓе бркаат топка цели 90 минути, а на крајот секогаш победуваат Германците“, кажа Линекер.

Германија губеше со 1-0 на полувремето од Шведска, но потоа Марко Ројс израмни на 1-1, а Тони Крос направи целосен пресврт.

Линекер по драмата и победата на Германија се огласи на Твитер и повторно кажа дефиниција за фудбалот.

„Фудбалот е едноставна игра, 22 луѓе бркаат топка 82 минути, а потоа остануваат Германците со играч помалку, па потоа 13 минути 21 луѓе бркаат топка и на крајот Германците победуваат“, напиша Линекер.