Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По заминувањето на Кристијано Роналдо, цело лето се споменува можноста Реал Мадрид да донесе нова ѕвезда. Досега со клубот се поврзуваа Роберт Левандовски, Нејмар, Килијан Мбапе, Мохамед Салах, Хари Кејн, Мауро Икарди, Тимо Вернер и Родриго.
Во меѓувреме Реал Мадрид го ангажираше Тибо Куртоа, кој е еден од најдобрите голмани во светот, но уште нема дебитирано. Сепак, навивачите во наредниот период очекуваат засилување во нападот.
Шпанските медиуми утринава пишуваат дека Хулен Лопетеги покажал желба да донесе напаѓач и му предал листа од пет имиња на Флорентино Перез. На тој список се наоѓале Левандовски, Вернер, Икарди, Родриго и Маријано Дијаз, а наводно во комбинација останале само напаѓачите на Интер и Лајпциг.
Вернер веќе подолго време се поврзува со Реал Мадрид, а негова предност е тоа што е млад и на само 22 години има многу искуство.
Икарди е поискусен, но поради тоа вреди повеќе, па Интер би можел да бара цело богастство за неговиот потпис.
Сепак, од „кралевите“ може да очекуваме барем да се обиде да донесе една од овие две ѕвезди.