Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид, Жулен Лопетеги призна дека не се кае поради тоа што бил избркан од селекцијата на Шпанија еден ден пред почетокот на Светското првенство.
Шпанската фудбалска федерација го отпушти Лопетеги откако излезе на виделина дека тој потпишал преддоговор со Реал Мадрид како наследник на Зинедин Зидан.
„Едноставно носам одлуки кои би го донел повторно. Го направив тоа на најискрен начин и не жалам за ништо. Пресреќен сум што сум тренер на Реал Мадрид, имаме специјален предизвик и огромни предизвици пред себе. Тоа што се случило се случило и не може да биде променето“ –коментираше Лопетеги за „Онда Серо“.