Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, по победата против Џирона (4-1) откри зошто во првиот тим ги нема Лука Модриќ, Рафаел Варан и Тибо Куртоа.
Модриќ вчера доби шанса од 57. минута, а во првиот дуел сезонава играше само 19 минути. Некои медиуми пишуваа дека Хрватот е најголем губитник овој преоден рок, додека „Марка“ пишува дека ги очекува голема борба за првиот тим.
„Модриќ и Варан се приклучија на екипата малку подоцна, зашто играа финале на Мундијалот. Нема потреба од брзање со нивното враќање. Имаме одлични алтернативи, остатокот од екипата е компатибилен, а тоа е најважно“, кажа Лопетеги.
Во почетната екипа не е ниту Куртоа, кој летово беше купен за 35 милиони фунти.
„Можеби тешко е да се разбере, но доволно е едноставно да се објасни. На голманската позиција имам две одлични решенија и пред натпреварот одлучуваме кој ќе застане на голот“, вели тренерот на „кралевите“.