Лопетеги потврди дека еден од играчите кои се поврзуваше со заминување ќе остане во Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новиот тренер на Реал Мадрид, Жулен Лопетеги планира да го вклучи Дани Себаљос  во плановите за следната сезона.

Според „Марка“ Лопетеги одлично ги знае квалитетите на Себаљос откако заедно работеа во репрезентацијата на Шпанија до 21 година. Наводно, новиот стратег на Реал притискал до раководството на клубот да не го продава играчот.

Себаљос се пресели на „Бернабе“ во 2017 година и од тогаш имаше само 22 настапи под водство на Зинедин Зидан.

По се поизвесното заминување на Матео Ковачиќ, Себаљос речиси сигурно ќе остане меѓу „Кралевите“ и следната сезона.