Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот напаѓач Карим Бензема постигна четири гола на почетокот на новата сезона и тренерот Хулен Лопетеги е пресреќен поради тоа.
Бензема одлично ја почна новата сезона и очигледно му одговара да игра без Кристијано Роналдо, а Лопетеги предвидува дека може да постигне до 40 голови.
„Зошто не би постигнал 30-40 голови? Погодоците се плод на работата на целиот тим, но Бензема е одличен играч и секогаш бил. Важно е да му се даде доверба и да му се помага“, кажа Лопетеги.
На голот на Реал бранеше Тибо Куртоа и тренерот на „кралевите“ е задоволен со него.
„Имаме три големи голмани и ќе се обидеме да го најдеме најдоброто решение. Решив да брани Куртоа овојпат, но имаме одлични опции. Навас е нашиот прв голман, имаше одличен натпревар против Џирона, а ќе видиме што ќе се случува понатаму“, објасни тренерот на Реал.