Лотито има за што да жали: Претседателот на Лацио призна дека одбил понуда од 160 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Лацио, Клаудио Лотит призна дека добил понуда од 160 милиони евра за услугите на Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Медиумите минатото лето пишуваа дека за српскиот интернационалец се интересираат Јувентус, Интер, Милан и ПСЖ, а се споменуваа и огромни суми кои се нудени на Лацио.

На прославата на 199 роденден на клубот, Лотито призна дека можел да го продаде Милинковиќ-Савиќ за неверојатни 160 милиони евра.

„Мојот интерес и интересот на луѓето околу мене е да направиме силен и победнички тим. Значи, да се засилуваме, а не да слабееме. Да размислував поинаку, сигурно би го продал Сергеј за 160 милиони евра, нешто што можев да го сторам во летниот преоден рок. Тоа би го сторил секој друг претседател на клуб“ –изјави Лотито.