Лотито одбил непријатна понуда за Милинковиќ-Савиќ поради Инзаги!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сергеј Милинковиќ-Савиќ и понатаму е желба на европските гиганти. Сепак, летово Лацио успеа да го зачува, па наредното лето би можел да заработи многу пари на неговиот трансфер.

Претседателот Клаудио Лотито неколкупати кажа дека добивал понуди за Милинковиќ-Савиќ, но дека неговиот клуб не сакал да прифати понуда помала од 100 милиони евра.

Сега Лотито откри дека летово стигнала понуда поголема од таа бројка, но дека ја одбил поради договор со тренерот Симеоне Инзаги.

„Се договоривме со тренерот дека нема да го продадеме летово. Добивме богата понуда за него на еден ден пред крајот на трансфер перидот, па немавме време да најдеме замена за него. Лигата ни направи проблеми бидејќи го скрати трансфер периодот“, објасни Лотито.

Тој не сакаше да открие за кој клуб станувало збор, но дефинитивно пропуштиле шанса да заработат големо богатство за Србинот, кој сезонава не игра во препознатлива форма.