Лоша вест за канаѓаните – Раониќ не игра против Велика Британија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тениската репрезентација на Канада ќе биде ослабена во првото коло на Дејвис купот.

Настапот против Велика Британија го откажа третиот тенисер во светот и тоа поради повреда која ја доживеа во четвртфиналето на АО.

„Тажен сум и разочаран, но не сум во состојба да се натпреварувам“, изјави Раониќ.

Канада во првото коло ќе ја претставуваат Петер Полански, Васек Посписил, Денис Шаповалов и Даниел Нестор.

Натпреварот помеѓу Канада и Велика Британија ќе се одигра од 3-ти до 5-ти февруари во Отава.