Лоша информација: Сезоната за Надал заврши


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Сезоната за Надал е завршена.

    Тој го повреди зглобот и на теренот нема да го гледаме пред почетокот на 2017-та година.

    Оваа вест Надал ја подели со фановите на друштвените мрежи.

    „Морам да ја прекинам оваа сезона и да почнам да се подготвувам за наредната. Многу сум тажен бидејќи не можам да продолжам, а особено турнирот во Базел каде минатата година играв финале со Федерер. Сега е време да се одморам и да размислувам за наредната година.“

    Да потсетиме Надал имаше многу лоша сезона во која исто така имаше и премногу повреди.