Лоши вести за Венгер и Арсенал: Играч пред време ја завршува кариерата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот за врска на Арсенал, Санти Казорла оваа сезона има проблеми со повреди, поради кои одигра само 8 натпревари во ПЛ.

Казорла на почетокот поради повреда пропушти еден натпревар на Арсенал, а како што поминуваше време не се знаеше причината поради која не игра Шпанецот.

Медиумите донесоа вест дека операцијата на Казорла не поминала успешно, па тој би можел да оди на нова, а во случај и таа да не биде успешна, Казорла ќе мора да ја заврши кариерата.

Тој има 32 години и е член на Арсенал од 2012 година.

Тој претходно има играно за тимовите на Малага, Виљареал, Рекреативо и Овиедо.