Лоши вести за Реал, еден од клучните играчи ја обнови повредата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Играчот за врска на Реал Мадрид го повреди вчера десниот мускул, а колку време ќе му биде потребно за опоравување ќе се знае во понеделник после лекарските прегледи.

Модриќ на вчерашниот меч против Малага беше на теренот до 78 минута. Тренерот на Реал Зинедин Зидан на конференцијата за новинарите рече дека Модриќ има проблеми, но дека не може да каже повеќе пред прегледите.

„Има проблем со десната нога. Во понеделник ќе извршиме анализи“, рече за агенцијата „Хина“ портпаролот на Реал Карлос Карбахоса.

Хрватскиот фудбалер проблем со истата повреда имаше и на минатогодинешното ЕП.