Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Сити изминатиот викенд доживеа пораз во дербито на колото од Челси на „Стемфорд Бриџ“.
Беше тоа нивни прв пораз во сезоната, па челото на табелата го презеде непоразениот Ливерпул.
И тоа не би било така загрижувачки, бидејќи „Граѓаните“ имаат релативно добар распоред до крајот на годината, но нови проблеми се јавија по средбата со „Плавите“.
На „Бриџ“ поради повреда не настапија Агуеро и Де Бруин, а сега надвор од ростерот е уште еден важен играч, искусниот шпански интернационалец, Давид Силва.
Гвардиола пред мечот со Хофенхајм во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите изјави дека овие тројца фудбалери се надвор од ростерот, заедно со младиот Данило Луиз.
Обелоденето е дека Силва ќе биде надвор од теренот, што е јасно голем проблем за „Граѓаните“.
Сити утре го дочекува Хофенхајм, бод ќе им биде доволен за првото место во групата, пласман во следната фаза во ЛШ веќе го запечатија.
Потоа го дочекуваат Евертон во ПЛ, па играат во четвртфиналето од Лига Купот со Лестер на гости. До крајот на годината ги очекува и дуел со Кристал Палас, повторно со Лестер на гости, а последниот меч го играат против Саутемптон на гости на 30. декември.