Лоши, многу лоши вести за Арсенал: Крај на сезоната за клучниот дефанзивец


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Дефанзивецот Арсенал, Роб Холдинг ќе го пропушти остатокот на сезоната поради тешката повреда на коленото во текот на мечот со Манчестер Јунајтед.

Лондонскиот клуб потврди дека прегледите покажале дека скршени се предните лигамнети на левото колено и го очекува одлготраен процес на рехабилитација.

„Роб во следните денови ќе биде иснесен на оперативен зафат, по што го очекува рехабилитација во траење од 6 до 9 месеци. Ве уверуваме ние од клубот ќе направиме се што е можно побрзо да се врати Холдинг на теренот“, се наведува во соопштеноетп на Арсенал.

Холдинг ја почна кариерата во Болтон од каде пристигна во Арсенал во 2016. година. Од пристигнувањето на Емери е стандарден, а оваа сезона беше стартер на 15 меча во Премиер лигата.