Лудилото во Аргентина ескалираше: Двајца навивачи на Бока нападнале фан на Ривер, момчето го загуби животот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Трофејот во Копа Либертадорес го освои Ривер плејт, откако во реваншот од финалето во Мадрид ја совлада Бока јуниорс со 3-1, но денешните вести од Аргентина ја шокираа јавноста.

Двајца навивачи на Бока нападнале 21-годишно момче, Езекиел Арон Нерис во Буенос Аирес и на крајот бил претепан и прободен со нож во левата нога, односно му била дупната артеријата.

Аргентинските медиуми пишуваат дека Езекиел кажал дека бил нападнат поради прославување на победата на Ривер, а починал во болница.

Полицијата веднаш ги пронашла убијците и ги уапсила, па сега ќе се соочат со судијата и ќе добијат затворска казна.