Лудница во Англија: Руни се враќа во репрезентацијата!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Искусниот англиски напаѓач Вејн Руни наредниот месец повторно ќе настапи за репрезентацијата на Англија.

Руни од националниот дрес се прости во август минатата година, но ќе се врати од пензија и уште еднаш ќе го облече дресот на репрезентацијата.

Англија наредниот месец игра пријателски натпревар против САД на „Вембли“, кој ќе биде од хуманитарен карактер.

Сите средства од натпреварот одат за хуманитарната фондација на Руни и поради тоа искусниот напаѓач на Ди-Си јунајтед реши уште еднаш да заигра за националниот тим.

Тоа ќе биде негов 120. настап во дресот на Англија, а последен пат за нив играше во ноември 2016. година во триумфот против Шкотска од 3-0.

Руни за Англија дебитираше во 2003. година на дуелот против Австралија, а првиот гол го постигна една година подоцна против нашата репрезентација.