Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓
Манчестер јунајтед синоќа беше декласиран од Тотнем на „Олд Трафорд“ со 0-3, па продолжија критиките на сметка на Жозе Мурињо.
Мурињо е во „војна“ со потпретседателот Ед Вудворд, кој синоќа го следеше дебаклот на нивниот клуб. Тие се скарале поради трансфери бидејќи Португалецот не бил главен и не одлучувал за тоа.
Тренерот на „црвените ѓаволи“ сакал да го продаде Ентони Марсијал, но Вудворд не му дозволил и тука се создал проблемот.
Мурињо сакал да го продаде Марсијал на Милан или Атлетико Мадрид, кои испратиле понуди, па со парите да купи соодветен играч за неговата екипа. Сепак, Вудворд го спречил и односите помеѓу нив не се добри од тогаш.