Луд натпревар во Истанбул: Бешикташ и Фенер ги поделија бодовите во голеадата на „Водафон Парк“ (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Последниот натпревар од 23. коло во турската Суперлига донесе спектакуларен фудбал на лутите ривали Бешикташ и Фенербахче.

На крајот, во крајно интересен и возбудлив натпревар во кој двата тима имаа по едно полувреме резултатот беше 3:3, па може да се каже дека бодовите се заслужено поделени.

Првото полувреме во целост му припадна на домашниот тим кој водеше со 3:0. Еднаш Гонул и на два пати Јилмаз беа стрелци на головите за тимот на Бешикташ.

И кога многумина мислеа дека ова ќе биде уште една катастрофа за Фенербахче, тимот на Елмас неочекувано се врати во игра.

Зајц, Чифтпинар и Калдирим постигнаа три гола во рок од 12 минути и со тоа го израмнија резултатот.

Нашиот Елиф Елмас во игра влезе во 84. минута и ги одигра последните десетина минути од средбата.