Луис Енрике заминува од Барселона, а со него и неговите промашувања!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Листата е подготвена, најмалку 5 или 6 играчи ќе заминат од Барселона ова лето.

Нема да има големи промени во првиот тим, освен евентуално непристојна понуда за Нејмар. Се очекува Меси да го продолжи договорот, како и Ракитиќ кој ја изгуби довербата на тренерот.

Единствена можност да замине Хрватот е ако дојде Верати, но тоа е нереална опција.

Кој ќе го напушти тимот?

Пред се, Видал и Дињ, но на продажба ќе биде и Гомеш. Со оглед на тоа колку е платен, тој ќе биде промашување на сезоната, Енрике инсистираше на него, па Барселона најверојатно ќе се обиде да врати дел од парите.

Заминува и Алкасер, а ќе дојде нов напаѓач во тимот.

Од новите играчи минатото лето, задоволи само Умтити, а шанси изгледа нема да има повеќе ниту за Денис Суарез кој заминуваше на позајмици и се враќаше.

И на крајот Туран, тука се бара место за помлад фудбалер, наводно Турчинот има понуда да се врати во својата татковина, но и Кина е во игра.