Лукаку веќе ги минал медицинските прегледи во Лос Анџелес?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вчера излезе шпекулација дека Манчестер Јунајтед и Евертон се договориле за трансфер на напаѓачот од Белгија, Ромелу Лукаку.

„Црвените ѓаволи“ на тимот од Ливерпул ќе му исплатат 75 милиони фунти за услугите на одличниот напаѓач.

Според „Скај Спортс“ Лукаку нема да се враќа во Англија, и ќе остане во Лос Анџелес каде што е во моментов и таму ќе ги изврши медицинските прегледи.

Според некои шпекулации, Белгиецот, веќе ги поминал медицинските прегледи на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) и сега се чека само потпишување на договорот.

Експедицијата на Манчестер Јунајтед во недела патува за САД каде ќе ги одработи претсезонските подготовки.