Лукаку со 23 години и статистички подобар од Роналдо, Суарез, Руни и Ибрахимовиќ!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ромалу Лукаку синоќа се врати во посакуваната форма, после тоа што дури 1 139 минути не ја затресе мрежата во официјален натпревар. И тоа како!

Во убедливата гостинска победа од 0:3 над Сандерленд, Лукаку постигна хет-трик и така на најдобар начин одговори на тие кои што тврдеа дека од целата приказна за трансферот во ова лето е целосно деконцетриран.

Лукаку хет-трикот го постигна во само десет минути (61, 68, 71 минута), а се појави и еден интересен податок кој ја оправдува астрономската сума која Евертон – најмногу од Челси – ја бараше за неговите услуги во ова лето.

Имено, Ромелу Лукаку, кој наврши 23 години, сега има подобар скор од Кристијано Роналдо, Луис Суарез, Вејн Руни и Златан Ибрахимовиќ коа биле на неговите години!

Белгијанецот во официјални натпревари постигна 121 погодок, додека со 23 години горе наведените биле 110 (Кристијано Роналдо), 107 (Луис Суарез), Вејн Руни (100) и Златан Ибрахимовиќ (65).

Ако земеме  во предвид дека Лукаку е веќе пет години во Премиер лигата, таа бројка е повеќе од фасцинантна.