Лукајиќ повеќе не е тренер на МЗТ Скопје


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Српскиот стратег Жељко Лукајиќ повеќе не е тренер на екипата на МЗТ Скопје откако денес побара да му биде раскинат договорот.

Наследник на Лукајиќ на жешкото столче на МЗТ ќе биде младиот, 33 годишен Ѓорѓи Кочов кој ќе го предводи тимот и следната сезона.

Кочов е поранешен селектор на македонската јуниорска репрезентација, а кон крајот на минатата година пристигна во редовите на МЗТ Скопје од градскиот ривал Вардар.

Лукајиќ имаше неславен рекорд во МЗТ Скопје со 11 порази и само една победа во регионалното АБА Натпреварување.