Лука Дончиќ е најдобар „руки“ во декември во НБА-лигата! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар и ѕвезда на Далас Маверикс, Лука Дончиќ имаше неверојатни настапи во декември во НБА-лигата, па заслужено доби награда.

Иако има само 19 годнии и ова му е прва сезона во НБА, сепак Дончиќ е еден од најдобрите кошаркари во најсилнат алига во светот, а беше избран и за најдобар „руки“ во декември во Западната конференција.

Секако, ова беше очекувано, откако Словенецот имаше 21,1 поен во просек по натпревар и повеќе од шест скокови и асистенции. Се очекува да биде стартер и на олстар-мечот.

Во исто време, на Истокот најдобар „руки“ беше кошаркарот на Њујорк Никс, Кевин Нокс.