Лук Шо останува во Манчестер Јунајтед


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Лук Шо ќе остане во Манчестер Јунајтед и покрај интересот кој „Ѓаволите“ го имаат за Дани Роуз од Тотенхем.

Агентот на Шо, Џонатан Барнет истакна дека младиот фудбалер е среќен на „Олд Трафорд“ и покрај многуте тешкотии кои ги има во дресот на Манчестер Јунајтед.

„Лук Шо ќе биде еден од најдобрите леви бекови во светот. Манчестер Јунајтед го сака Лук Шо и Лук Шо го сака Манчестер Јунајтед“ –истакна Барнет.