Лук Шо потпиша нов петгодишен договор со Манчестер јунајтед!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот гигант Манчестер јунајтед се соочува со проблеми сезонава, па не игра како што посакуваат навивачите и најверојатно нема да може да се бори за титулата во Премиерлигата.

Сепак, „црвените ѓаволи“ решија да ги продолжат договорите со неколку играчи, а еден од нив е Лук Шо, кој ја продолжи соработката до 2023. година.

Овој 23-годишен лев бек ќе добие и зголемување на платата, па според новиот договор ќе заработува 195.000 фунти неделно и сигурно е задоволен со тоа.

Шо е член на Јунајтед од 2014. година, но поради чести повреди одигра само 75 натпревари и постигна само еден гол.