„Луѓето во Аргентина се лути, ова беше последна шанса за некои фудбалери!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентина одигра уште еден лош натпревар и загуби со 3-0 од Хрватска, а поранешниот репрезентативец го предупреди Лионел Меси и соиграчите што ги чека во татковината.

Грешката на Вили Кабалјеро ја прикажува ситуацијата во соблекувалната на Аргентина, а многумина уште се обидуваат да разберат каде е проблемот.

„Тешко може да се каже што е проблемот. Беа непредвидливи, не успеаа да создадат ништо, направија големи грешки и на крајот изгледаа толку лути што почнаа да ги удираат противниците. Ова многу тшеко им падна на луѓето во Аргентина, кои не може да се сетат на полош натпревар од овој на Светското првенство“, вели Пабло Забалета.

„Сите во Аргентина се лути. Луѓето едвај чекаа да видат што може оваа група на играчи. Ова беше нивна последна шанса. Некои од нив загубија три финалиња во низа, сега ќе им биде многу тешко, зашто ќе има премногу критики“, кажа поранешниот играч на Манчестер сити.