Магичен потег на Лукас Мура


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалерите на ПСЖ го совладаа Бордо,  играч на натпреварот беше Кавани, но Мура имаше свое шоу.

    Два погодоци на Кавани за нешто повеќе од пола час игра во првото полувреме беше доволно за триумф над Жиродинците.

    Имаше Уругваецот и една идеална шанса на средината на второто полувреме, кога одлично го проигра Бразилецот Лукас Мура.

    Крилниот фудбалер на Светците прво со финта со тело исфрли двајца играчи на гостите, а потоа ноншалантно топката ја проследи до Кавани кој имаше “еден на еден“ со Карасо. Овој пат искусниот чувар на мрежата беше подобар.

    Во продолжение погледнете како Мура го „исфрли“ дефанзивецот на Бордо и намести зицер на Кавани.