Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентацијата на Франција ја победи Шведска во натпревар од четвртфиналето на СП, 33:30.
Од почетокот на натпреварот до седмата минута се играше гол за гол, 4:4. Фабрегас и Мае постигнаа два погодоци во низа за водство на Франција, 6:4.
Андреас и Лукас Нилсон и Готфридсон постигнаа три погодоци во низа пред последните пет минути од првото полувреме за прво водство на Шведска на натпреварот, 13:14.
Стенмалм и Толбринг погодија за 14:16. Шведска на полувреме замина со еден погодок предност, 15:16.
Фабрегас и Мае на почетокот на второто полувреме го израмнија резултатот, 17:17. Двата погодоци на Мае и едниот на Ремили му донесоа на Франција водство од два погодоци, 20:18.
Мае и Карабатиќ зголемија на 22:19 во 40-та минута. Со двата погодоци на Толбринг и едниот на Јепсон, Шведска израмни, 23:23. Швеѓаните преку Егберг и Готфридсон успеаа да направат пресврт, 24:25.
Седум минути пред крајот на натпреварот Мае, два пати Ремили и Гигу погодија за водство на Франција, 29:26.
Франција на крајот победи со 33:30 и се пласира во 1/2 финале. Кентин Мае ја предводеше Франција до победа со 9 погодоци. Кај Шведска најмногу се истакна Џим Готфридсон со 7 погодоци.