Македонија го почнува СП – ќе се бара само триумф против Јапонија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонија денеска го почнува ракометното Светско првенство (СП) против Јапонија, која е една од најдобрите азиски репрезентации, но на нас ни оди против Азијците бидејќи досега имаме четири победи во четири меча против нив.

Сепак, нашата селекција влегува со значително подмладена екипа, но и со доволно искуство во првиот тим, каде што ќе бидат Кире Лазаров, Борко Ристоски…

Притоа, ИХФ објави дека токму мечот меѓу Македонија и Јапонија е меч на денот, па сите во нашата земја се надеваат на триумф и одличен почеток на возбудувањата на СП.

Јапонија немаше најуспешни подготовки бидејќи одигра два нерешени дуели и имаше дури четири победи, додека Македонија победи на двата подготвителни меча со Србија, па од таму ни одат во прилог и предлозите на обложувалниците, кои ја поставија нашата репрезентација за фаворит.