Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Таеквондо ИТФ Македонија под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски црн појас IV дан , поранешен светски вицешампион , од 23-30 април 2018 ќе учествува на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Талин,Естонија.
Боите на нашата држава ќе ги бранат:
Ацо Јосифoски црн појас IV дан, поранешен светски шампион кој ќе се натпреварува во две дисциплини , во форми за дан ветерани и борби -71 кг ветерани.
Филип Јосифоски, црн појас II дан , кој ќе се натпреварува во три дисциплини , форми црн појас дан сениори,борби -64 кг сениори, и специјални техники сениори.
„Подготовките течеа последните 2 месеци секојдневно , го дадовме сиот наш максимум и се надеваме на солидни резултати. Знаеме дека конкуренцијата е огромна, само да напоменеме дека едни од најсилните репрезентации во светот како што се Русија , Украина, Бугарија се учесници, со што освоен медал на Европско првенство ветува и медал од светско. Најповеќе се надеваме на Филип во борби и специјални техники, кој досега на многу меѓународни натпревари се покажа одлично , па се надеваме дека ќе го даде максимумот и ќе не израдува со добар пласман“ вели Марјанчо Лазаревски предводникот на нашата репрезентација.
Исто така викендов во Скопје помладите натпреварувачи ќе учествуваат на Меѓународен ВТ турнир , на кој ќе настапат неколку дебитанти , кои за првпат ќе го почувствуваат натпреварувачкиот дух, и се надеваме дека и од нив некој ќе не израдува со добар резултат.