Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Репрезентацијата на Македонија до 19 години претрпе пораз од соодветната селекција на Летонија во првото коло од елитните квалификации за пласман на Европското првенство.
Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, а и покрај иницијативата нашите момци не успеаја да дојдат до позитивен резултат.
Летонците со двата гола на соиграчот на Дарко Чурлинов од младинскиот погон на Келн, Богданс Самоиловс стигнаа до неочекувана предност од 2:0.
На 2:1 намали Димитар Митровски од белата точка во 88. минута откако Елиф Елмас беше срушен во противничкиот шеснаесетник.
Во преостанатиот натпревар репрезентацијата на Англија очекувано со 4:1 славеше против Унгарија. Играчот на Арсенал, Рис Нелсон постигна два гола, а по еден постигнаа и Масон Маунт кој настапува во Витезе како позајмен фудбалер од Челси и најталентираниот играч од Англија, Џејдон Санчо.